Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Медицинска сестра Ѓорѓиовска: Зад секоја трансплантација стои тим посветен на животот

Во рамки на активностите за подигнување на јавната свест за значењето на донирањето органи, медицинската сестра Каролина Ѓорѓиовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ја истакнува важноста на трансплантацијата како чин на врвна хуманост и солидарност во видео обраќање во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на активностите за подигнување на јавната свест за значењето на донирањето органи, медицинската сестра Каролина Ѓорѓиовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ја истакнува важноста на трансплантацијата како чин на врвна хуманост и солидарност во видео обраќање во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, соопшти Министерството за здравство.

– Заедно со колегите од анестезија и интензивно лекување учествуваме во процесите на експлантација и трансплантација на органи од починати донори. Тоа е исклучително благородна работа која овозможува нова шанса за живот на пациентите што чекаат трансплантација. Најголемата награда за нас е кога пациентот ќе ја напушти болницата здрав и со нова надеж. Токму затоа, упатуваме апел до граѓаните да ја препознаат важноста на органодарителството и да го поддржат овој хуман чин – порачува Ѓорѓиовска.

Таа нагласува дека зад секоја успешна трансплантација стои посветен мултидисциплинарен тим кој работи со една цел – спасување и подобрување на човечки животи.

Реклама

Трансплантациските тимови остануваат посветени на унапредување на трансплантациската медицина и на промовирање на свесноста за значењето на донирањето органи како чин што дарува живот.

Министерот за здравство, Азир Алиу вели дека посветеноста на медицинските тимови ќе биде поддржана и со новата законска рамка со која се регулира трансплантацијата.

– Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, кој е во финална владина процедура, овозможува секој граѓанин јасно да ја изрази својата лична волја за органодарителство, таа да биде евидентирана и соодветно почитувана – истакнува Алиу.