Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Медицинските хеликоптери на Рашковски не биле без пари како што најавуваше

Договорот со т.н. воздушна амбуланта ќе ја чини државата најмалку неколку милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договорот со т.н. воздушна амбуланта ќе ја чини државата најмалку неколку милиони евра, а не нула денари, како што во повеќе наврати тврдеше владиниот генсек Драги Рашковски. Во документите добиени преку системот за слободен пристап до информации кои ги објави Радио Слободна Европа, се гледа оти фирмата „САРХЕМС“ која ќе оперира со хеликоптерската амбуланта, од државата ќе добива финансиска инјекција по повеќе основи.

Засега е утврдена само сумата која ќе се исплаќа од тоа што државата ќе зема давачки за ноќевање на странски турист, а ќе изнесува половина евро. Ако се земат предвид податоците на Државниот завод за статистика кои покажуваат дека само од јануари до ноември минатата година во Македонија имало 1.504.258 ноќевања на странски туристи, тоа значи дека „САРХЕМС“ само по овој основ би инкасирала околу 800 илјади евра, пари кои досега завршуваа во касата на општините и на државата.

Дополнително фирмата ќе инкасира и од секој патник кој од аеродромите во Скопје и во Охрид ќе отпатува на некоја друга дестинација. На двата аеродроми лани минале над 2.600.000 патници. Ако половина од нив биле на заминување и ако од нив државата на фирмата и дава по половина евро, по истиот принцип, тоа би биле дополнителни 700.000 евра. Но, ако таксата по патник во заминување е повисока, како што е примерот со другите европски земји тогаш „САРХЕМС“ би добивала и по неколку милиони евра.

Реклама

Третиот основ по кој ќе се полни касата на „САРХЕМС“ е преку продажба на винети за странски возила. МВР нема податоци колку странски возила годишно транзитираат низ Македонија, ама знае оти на граничните премини Богородица и Табановце минале над 4.000.000 странски државјани. Ако барем четвртина од оваа бројка се сведе на странски возила се добива бројката од над милион возила. Доколку оваа бројка се множи со 30 денари, колку што чини најниската цена на патарина излегува дека по овој основ ќе се соберат најмалку половина милион евра годишно. Сепак, колкава ќе биде цената на винетите и колку по овој основ ќе добива воздушната амбуланта ќе се утврдува преку закон во наредните 6 месеци.

А пред само три месеци, Рашковски уверуваше дека граѓаните услугите на амбулантата ќе ги добиваат без пари, а „САРХЕМС“ ќе заработувал само преку исплатата од осигурителните компании кога таквиот вид на услуги ќе им бил потребен на странски државјани. Владата уверуваше дека воздушната амбуланта ќе оперира само во Македонија, но податоците до кој дојде РСЕ покажуваат дека фирмата ќе има можност да дава услуги и за соседните држави, а со тоа и дополнително да заработува.

Инаку, фирмата „САРХЕМС“ е основана на 24 дена пред да го добие владиниот тендер за јавно приватно партнерство. За Владата овој факт не беше спорен, оти зад неа стоел шведски хеликоптерски конзорциум.

Биљана Божиновска