Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити придружуван…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити придружуван од заменик-министерката Ане Лашкоска беше во работна посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев направија обиколка на локацијата на која се гради фекална канализација во село Мустафино, во должина од 8 километри, информираат од МЖСПП.

Проектот за изградба на фекалната канализација во село Мустафино е повеќегодишен и е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое има склучено Договор во вредност од 32.5 милиони денари за изведба и Договор во вредност од 165 илјади денари за вршење на стручен технички надзор.

-Она што сакам да го истакнам е дека проектот се реализира и побрзо од предвидената динамика. Степенот на реализација на градежните работи изнесува 82 проценти од целокупниот проект, изјавил министерот Меџити и информирал дека во оваа општина и преку Европската инвестициска банка ќе се инвестираат средства во водоводната инфраструктура.

Реклама

Инвестициите се во висина од над 738 илјади евра за проектите: изградба на фекална канализација село Кадрифаково, фекална канализација село Сопот, водоводна мрежа во место викано “Мало Стопанство” и реконструкција на водоводна мрежа на дел од улиците Кумановска и Ќиќевачка.

Градоначалникот Дејан Владев се заблагодарил на огромната помош добиена, како од Министерството, така и од Владата, а информирал дека општина Свети Николе на новиот повик од Владата ќе аплицира со проект за водоводна мрежа во м.в. Кнежевски пат, со што, како што истакнал, оваа општина трајно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето и ќе обезбеди современи услови за живот на населението.

Тој најави дека изведбените работи за фекалната канализација во село Мустафино се очекува да завршат до мај/јуни годинава.