Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Меџити: Инвестиции во инфраструктурата како основа за одржлив развој во Гостивар

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, одржа средба со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, на која беа разгледани клучните проекти за развој на инфраструктурата во општината.

Меџити истакна дека развојот на инфраструктурата е клучен за подобрување на животниот стандард и креирање на одржливи општества. „Проектите кои ги реализираме во Гостивар, како и во другите општини, не се краткорочни решенија, туку долгорочни стратегии за подобрување на животниот квалитет,“ изјави Меџити.

Еден од клучните проекти е изградбата на фекален колектор и канализација за Урбан блок 21 во Гостивар, за кој се обезбедени повеќе од 87 милиони денари во 2024 година. По потреба за пресекување на канализациона линија со железничка пруга и пат, обезбедени се дополнителни 35 милиони денари за завршување на проектот.

Реклама

Општина Гостивар е вклучена и во проектите финансирани од Европската инвестициска банка. Во 2025 година ќе започне изградбата на резервоар за с. Чегране и нова водоводна линија, како и проект за селекција на отпад и набавка на камиони за транспорт на отпад. „Со овој проект ќе се набават 3.300 канти од 120 литри и 210 контејнери, како и 11 камиони за транспорт на отпад,“ изјави Меџити.

Во рамките на програмата за капитални дотации, за 2024 година општината ќе добие над 161 милиони денари за реконструкција на улици и подобрување на патната инфраструктура, вклучувајќи важни проекти како:
• Реконструкција на Булеварот Браќа Ѓиновски од влезна Гостивар до зграда на судот со 64 милиони денари
• Изградба на шеталиште на ул. Борче Јовановски со 23 милиони денари
• Реконструкција на главна улица во село Здуње со 10 милиони денари
• Реконструкција на улица 13 со 4 милиони денари
• Реконструкција на улица од гимназија до село Долна Бањица со 22 милиони денари
• Реконструкција на улица во село Балин Дол со 3 милиони денари
• Реконструкција на дел од улица Борче Јованоски од ФЗО до Кеј Вардар со 3 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Никола Тесла од зграда на Судот до Медицинското училиште со 3 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Мара Угринова од Автобуската станица до ул. Беличица со 4 милиони денари
• Реконструкција на ул. Мара Угринова околу Автобуската станица со 5 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Мара Угринова паралелно со железничка пруга со 5 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Младен Симоноски до ул. Панче Попоски со 6 милиони денари
• Реконструкција на дел од ул. Никола Тесла од Гимназија до населба Дутлок со 7 милиони денари.
„Со овие инвестиции во Гостивар и во сите општини низ земјата, поставуваме темели за одржлив развој кој ќе донесе користи за идните генерации,“ додаде Меџити.

Исто така, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, ја изрази својата чест и задоволство што го пречека првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за да дискутираат за тековните и идните проекти што ќе се реализираат со поддршка на Владата во 2025 година.

„Верувам дека оваа соработка ќе биде многу плодна како за Општина Гостивар, така и за граѓаните. Со овие инфраструктурни проекти што ги спомена заменик-премиерот, животот на граѓаните во Гостивар значително ќе се промени, нудејќи повисок квалитет,“ изјави Валбон Лимани.