Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Меџити го претстави новото кошаркарско игралиште во Гази Баба: Инвестиција за младите и енергијата на спортот

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави новоизграденото кошаркарско игралиште во населбата Гази Баба, оценувајќи го овој проект како конкретен чекор за развој на младите и поттикнување на спортските активности во заедницата, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

“Новото кошаркарско игралиште што штотуку го изградивме ќе биде место каде што нашите деца ќе растат во духот на натпревар, тимска работа и успех. Секој постигнат кош е чекор кон самодоверба, кон соништата што започнуваат од нашите улички и водат кон големите арени,“ истакна Меџити.

Тој потенцираше дека преку овие инвестиции во спортска инфраструктура се создаваат простории кои им даваат живот на населбите и го зајакнуваат чувството на заедништво.

Реклама

“Ние веруваме во младите на Гази Баба. Затоа инвестираме во спортска инфраструктура, во простории кои внесуваат живот во нашите маала, во проекти кои ја прават населбата посилна и поубава. Ова е Гази Баба – активна, жива, со позитивна енергија и со визија за иднината. Ова е нашата политика: да градиме, да развиваме и да им овозможиме на сите
деца да растат со достоинство и страст. Кошаркарското игралиште е само почеток. Големата победа е онаа на Чаир,“ потенцираше кандидатот на ВРЕДИ, Изет Меџити.