Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Мециновиќ најавува европски модел за преработка на отпад во Скопје

Предизборната кампања, за вториот круг на локалните избори, за градоначалник на Град…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предизборната кампања, за вториот круг на локалните избори, за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица, ја продолжи денес со предупредување за алармантната состојба со ѓубрето во градот, нарекувајќи ја ситуацијата „најапсурдна што Скопје некогаш ја имало“, но го претстави и планот на партијата за решавање на овој проблем, преку санација и реформа на јавното комунално претпријатие, информира политичката партија „Левица“ во соопштение. 

„Повторно се вжештува ситуацијата околу сметот. Никој не можеше да претпостави дека ќе дојдеме во состојба на вакво преплавување со отпад и целосен колапс на комуналните претпријатија и градските власти“, истакна Мециновиќ и додаде дека без оглед кој ќе победи на изборите новата администрација ќе мора веднаш да започне со санирање на состојбата.

„Јавноста треба да знае дека независно кој ќе добие поддршка, треба веднаш да се почне со чистење. Ги повикувам сите скопски градоначалници, и оние што веќе победија, и оние што одат во втор круг, да бидат спремни, независно од политичката припадност, да работиме заедно на решавање на оваа криза.“

Реклама

Мециновиќ потенцираше дека во Скопје се гледа апсурдниот крах на локалната власт, која последните четири години, според него, била под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

„Четири години локалната власт беше во нивни раце, и на ниво на град, и во најголем дел од скопските општини. Не смееме повторно да си дозволиме луксуз да се играме со здравјето на скопјани и да поддржуваме партии кои од суета создаваат кризи“.

Тој ја обвини актуелната влада дека намерно дозволила градот да западне во хаос пред изборите, за потоа „да се претстави како спасител“.

„Ова повикување на кризна состојба токму пред избори покажа дека Владата намерно го остави градот да дојде до колапс, за потоа да се прикажува како херој. Но, граѓаните тоа го гледаат.“

Мециновиќ најави дека, доколку ја добие поддршката на скопјани, веднаш ќе отпочне со санација и реформа на ЈП „Комунална хигиена“, спротивставувајќи се на плановите за негово приватизирање.

„Премиерот Мицковски јавно изјави дека има план за јавно-приватно партнерство во „Комунална хигиена“. Тоа е јасен сигнал дека нивната намера била да го колабираат претпријатието за потоа да го продадат. Ние тоа нема да го дозволиме.“

Наместо приватизација, Мециновиќ предлага окрупнување на капацитетите, модернизација на механизацијата и подобрување на условите за работа во јавните комунални претпријатија.

Во завршниот дел од пресот, Мециновиќ презентираше иновативно решение за третман на отпадот, кое, според него, веќе се користи во неколку европски градови.

„Разгледуваме технологија за преработка на комунален отпад во горивни деривати. За Вардариште може да се изгради централа од 720 м² која би чинела шест милиони евра, а за Дрисла, модерна постројка од 60 милиони евра со затворен систем за преработка.“

На крајот упати повик, до граѓаните на Скопје, да го претворат гневот и разочараноста во активна одлука на втори ноември: „Некој дозволи да дојдеме до ова дереџе, некој мисли дека ќе профитира од нашиот хаос. Но, тоа треба да го претвориме во одлука, одлука што ќе го врати градот во нормала и ќе го врати достоинството на Скопје“, заврши Мециновиќ.