Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Меџити: Над 8 милиони денари инвестиција за улицата 157

Во Гази Баба се финализира инфраструктурен проект што на оваа зона ѝ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Гази Баба се финализира инфраструктурен проект што на оваа зона ѝ дава нов, модерен изглед и значително ги подобрува условите за граѓаните. Работите опфаќаат асфалтирање на улицата 157, на делницата од џамијата до скалите кон булеварот, со што оваа улица се претвора во функционален и уреден простор, соопшти општина Чаир.

Проектот, како што се наведува во соопштението, е реализиран од почеток, вклучувајќи изградба на нова водоводна мрежа, функционална атмосферска канализација, јавно осветлување, квалитетен асфалт и уредени тротоари кои ја зголемуваат безбедноста и стандардот на живеење за жителите.

-Ова е инвестиција што директно се враќа кај граѓаните. Со над 8 милиони денари инвестиција создаваме модерна инфраструктура и подобри услови за живот за жителите од оваа зона – изјавил Меџити.

Реклама

Вкупната вредност на проектот, се додава во соопштението, изнесува над осум милиони денари, од кои 2,8 милиони денари се обезбедени од Министерството за животна средина за водоводната мрежа, додека околу 5,2 милиони денари се инвестиција на Општината за останатиот дел од проектот.