Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Меџити: Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ добива форма

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните работи на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде одблизу ја следеше реализацијата на овој значаен проект за високото образование. За време на посетата беше констатирано дека работите се одвиваат според предвидената динамика и дека кампусот од ден на ден добива сè појасна форма. „Кампусот на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните работи на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде одблизу ја следеше реализацијата на овој значаен проект за високото образование.

За време на посетата беше констатирано дека работите се одвиваат според предвидената динамика и дека кампусот од ден на ден добива сè појасна форма.

„Кампусот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ е инвестиција во знаењето, образованието и иднината на младите генерации. Задоволство е да се види дека овој проект напредува со добро темпо и дека полека се претвора во модерен универзитетски комплекс“, изјави Меџити.

Реклама

Кампусот претставува еден од најзначајните образовни проекти во државата и ќе создаде подобри услови за студирање, научна работа и развој на идните генерации.