Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Меѓународна конференција во Скопје посветена на јавната радиодифузија

Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ информира дека од 1 до 3 јуни во Скопје се одржува меѓународна конференција посветена на јавната радиодифузија. – ЈП НРД врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации преку развој, изградба и одржување на комуникациски мрежи, обезбедување и пренос на радио и телевизиски програми, поврзување со радиодифузни системи во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ информира дека од 1 до 3 јуни во Скопје се одржува меѓународна конференција посветена на јавната радиодифузија.

– ЈП НРД врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации преку развој, изградба и одржување на комуникациски мрежи, обезбедување и пренос на радио и телевизиски програми, поврзување со радиодифузни системи во странство и контрола на квалитетот и покриеноста на радио и телевизиските сигнали на територијата на Република Северна Македонија. MBT конференцијата претставува значаен регионален настан кој на годишно ниво ги обединува клучните чинители од областа на радиодифузијата, вклучувајќи радиодифузни компании, институции и производители на техничка опрема, со цел размена на знаења, искуства и унапредување на професионалната и технолошката соработка во секторот – пишува во соопштението.

Се очекува на конференцијата да учествуваат домашни и странски експерти, претставници на јавни радиодифузни сервиси, релевантни институции и претставници на медиумската заедница.

Реклама

– Настанот има за цел да поттикне стручна и институционална дискусија за улогата, значењето и предизвиците на јавните радиодифузни сервиси во современиот медиумски екосистем, со посебен акцент на нивната одржливост и идниот развој. Во рамки на програмата ќе бидат опфатени теми поврзани со дигиталната трансформација на медиумите, зајакнувањето на јавниот сервис, како и унапредувањето на професионалните стандарди во радиодифузијата – се додава во соопштението.

Преку панел-дискусии и презентации од релевантни експерти, се очекува конференцијата да придонесе кон продлабочување на регионалната и меѓународната соработка во областа на медиумите.