Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

МД „Илинден“ со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана со свој штанд се претстави на 69.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано.

– Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од весникот „Илинден“. Искрен да бидам побуди голем интерес кај учесниците, кои го посетија во голем број, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, кој е учесник на Конгресот. 

Според него и претставниците на другите малцинствата од Европа, на свои штандови се претставиле со пропаганден материјал и нивна национална храна.

Реклама

Македонското друштвото „Илинден“-Тирана член на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.  

Во овој период редовно учествува на сите активности и конгреси на унијата, како што и на овој, кој почна вчера а завршува на 26 октомври, на кој учествуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.