Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврналво Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид – 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврналво Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид – 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и Виница по 13 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. На одделни места се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд од околу 20 литри на метар квадратен, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Максималната дневна температура ќе се движи од 21 до 29 степени.

Реклама

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината можна е појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолиран град. Температурата во главниот град ќе достигне до 27 степени.