Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Матична комисија ги разгледа измените на законите за електронски комуникации, урбанистичко планирање и градење

Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на Собранието, на денешната 61 седница ги разгледаа предлог законите за дополнување на Законот за електронските комуникации, за изменување на Законот за урбанистичко планирање и за дополнување на Законот за градење сите по скратена постапка. Членовите на комисијата го разгледаа предлог на законот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на Собранието, на денешната 61 седница ги разгледаа предлог законите за дополнување на Законот за електронските комуникации, за изменување на Законот за урбанистичко планирање и за дополнување на Законот за градење сите по скратена постапка.

Членовите на комисијата го разгледаа предлог на законот за дополнување на Законот за електронските комуникации поднесен од пратениците Тони Јаревски и Беким Ќоку, во скратена постапка, за што се поднесени  четири амандмани. Членовите на комисијата не ги прифатија амандманите. Пратеникот Емил Спасовски предложи комисиски амандман врз основа на член 156, став 4 од Деловникот на Собранието на Македонија, по што членовите на комисијата го прифатија предлогот.

Пратеникот образложи дека членот 2 се менува и гласи „овој закон влегува во сила од денот на објавување во Службен весник на Македонија, а ќе отпочне да се применува од 1. јануари 2027 година. Првиот годишен извештај, согласно одредбите од овој закон, оперативно-техничката агенција е должна да ги изготви во период од први јануари до 31 декември 2027 година и ќе го достави до Собранието на Македонија согласно рокот утврден во Законот за оперативно-техничката агенција“. Амандманот, како што рече Спасовски се предлага со цел да се одложи примената на законот од први јануари 2027 година. Амандманот беше прифатен. Заменик-министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџиски рече дека министерството ги поддржува предлог-измените, заблагодарувајќи им се на пратениците Јаревски и Ќоку и членовите на комисијата како матично тело за придонесот на процесот на дигитализацијата и усогласувањето на македонските регулативи со европското законодавство.

Реклама

– Ова е уште еден пример како законодавната и извршната власт делуваат комплементарно во делот на реализација на чекорите и реформските процеси кои се дел од реформската агенда на државата. Со овие измени се затвора уште еден чекор од реформската агенда кој е влезен во грејс период до јуни 2026 година – рече Варџиски.

Предлогот законот за дополнување на Законот за електронските комуникации, како што истакна Тони Јаревски, кој претседаваше со комисијата, ќе биде проследен до пратениците за натамошна постапка во Собранието. За предлогот на законот за изменување на Законот за урбанистичко планирање во скратена постапка, Јаревски рече дека не се поднесени амандмани, по што Комисијата го проследува предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.

Во однос на предлогот на закон за дополнување на Законот за градење, Комисијата ги разгледа поднесените четири амандмани од истиот предлагач, кој не беше присутен и не ги прифати. Матичната комисија ќе го проследува предлогот на законот за градење на натамошна постапка во Собранието.