Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Матицата на иселениците ќе одбележи 75 години од основањето со промоција на монографија

Во Музејот на македонската револуционерна борба денеска ќе бидат одбележани 75 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на македонската револуционерна борба денеска ќе бидат одбележани 75 години од основањето на Матицата на иселениците од Македонија, институција која повеќе од седум децении работи на одржување на врските меѓу Македонија и македонската дијаспора ширум светот.

На настанот ќе биде промовирана монографијата „Матица на иселениците од Македонија: 75 години матица на Македонците низ светот“, чии автори се Катерина Тодороска, Елена Оровчанец-Спироска и Кристијан Петрески.

За историјата и дејноста на Матицата ќе говори долгогодишната новинарка во илустрираното списание „Македонија“, Фиданка Танаскова, додека промотор на монографијата ќе биде проф. д-р Васил Тоциновски.

Реклама

Книгата, според најавите, преку архивски документи и историски извори го следи развојот на Матицата од нејзиното основање во 1951 година до денес, прикажувајќи ја нејзината улога во зачувувањето на македонскиот јазик, културата и традициите меѓу иселениците.

Во монографијата се обработени бројните активности на институцијата, меѓу кои соработката со македонските друштва во странство, организацијата на културни и научни настани, поддршката на изучувањето на македонскиот јазик во дијаспората, како и издавачката дејност.

Посебно место во публикацијата има списанието „Македонија“, кое со децении претставувало значаен мост меѓу татковината и Македонците во светот, како и „Иселеничкиот календар“, едно од најчитаните изданија меѓу иселеничките заедници.

Од организаторите посочуваат дека јубилејот е можност да се потсети на улогата што Матицата ја имала во афирмацијата на македонскиот национален и културен идентитет надвор од границите на државата, како и во зачувувањето на врските со македонските заедници во Европа, Австралија, Северна Америка и други делови од светот.