Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

„Матица македонска“ го објави бестселерот „Маски на стравот“

„Матица македонска“ го објави романот „Маски на стравот“ од романската писателка Камелија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Матица македонска“ го објави романот „Маски на стравот“ од романската писателка Камелија Кавадија. Книгата го отвора прашањето како искуството на семејно насилство продолжува да влијае врз човекот и кога самиот ќе стане родител.

Романот првпат е објавен во 2016 година кај романскиот издавач „Треи“. Според издавачот, во Романија се продадени десетици илјади примероци, а книгата е преведена и на шпански и на српски јазик. Македонското издание го продолжува меѓународниот пат на ова дело за стравот, вината и семејните односи. 

-Кавадија му пристапува на насилството преку интимниот, исповеден глас. Ја интересираат неговите помалку видливи последици: недовербата кон блиските, постојаното исчекување на опасност и тешкотијата љубовта да се доживее без страв. Семејното молчење добива особена тежина, заедно со прашањето за одговорноста на оној што е сведок на туѓото страдање. Мајчинството е една од важните точки од кои романот повторно го разгледува детството. Односот кон сопственото дете ја отвора дилемата како да се прекине однесувањето што некогаш било прифаќано како единствен можен семеен поредок. Токму тука се среќаваат нежноста и вознемиреноста на оваа проза, велат од „Матица македонска“.

Реклама

„Маски на стравот“ отвора простор за разговор за она што често се премолчува во име на семејството: границата меѓу авторитетот и заплашувањето, цената на пасивноста и потребата блискоста повторно да стане место на сигурност.

Романот е достапен во книжарниците на „Матица македонска“ и во онлајн-книжарницата matica.com.mk.