Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Масовно за Богојавление во Охрид – крстот во рацете на Мартин Гоџоски

Светиот Крст по втор пат во рацете на Мартин Гоџо од Варош.Тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светиот Крст по втор пат во рацете на Мартин Гоџо од Варош.Тој беше среќникот меѓу неколкуте стотини верници кој успеа да го извади крстот од осветените води на Охридското Езеро кој го положи поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

“Оваа година повторно ми се посреќи прв да стигнам до Светиот крст. Ова е огромна чест за мене, за мојата фамилија, за мојата тајфа. Водата беше студена, исто како и другите години, крстот ќе си дојде за кој е пишан…Здравје, среќа и бериќет, мене на мојата тајфа, на мојата фамилија”, рече Гоџо.

На чинот на осветувањето на езерските води и положувањето на крстот му претходеше обраќање на поглаварот на МПЦ, порачувајќи им дека со настанот на крштевањето на Исус во водите на Јордан е објавена вистината за Бога, за човекот и светот, и вистината за небото и земјата.

Реклама

Меѓу илјадниците гости, на Водици во Охрид беше присутна и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова и министерот за транспорт Александар Николоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Традиционално манифестацијата по повод православниот празник Богојавление – Водици во Охрид ја следеа илјадници верници и гости, како од градот така и од останатите делови на држвата, но и пошироко.Празникот Богојавление – Водици на среќниот фаќач и на сите православни верници им го честиташе и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

– Честитки до Мартин Гоџо, му посакувам многу здравје и среќа и само убавини и следната година повторно да се видиме тука со добра организација и добри временски услови, рече Пецаков.

Меѓу присутните беше и претседателот на СДСМ, кој на сите православни верници им го честиташе празникот Богојавление.

– Му честитам на Мартин кој денеска го фати крстот, му посакувам среќа, здравје и успех, но и на сите кои денеска влегоа во ладните води на езерото, а тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила, рече Филипче.

Празнувањата во Охрид продолжуваат и утре со уникатната манифестација Денот на рибарите со која се чествува православниот празник посветен на Свети Јован Крстител.