Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

„Марш на исклучените“: Бараме пристапни тротоари, патеки и јавни површини

Пристапноста не е привилегија, туку основно право. Еднакви можности и активно учество во општеството, се само некои од барањата на луѓето со попреченост. „Маршот на исклучените“ е дел од програмата на петтото издание на „Инфјужн“ – Фестивал на инклузија, настан кој секоја година ги обединува велосипедистите, семејствата и мајките со детски колички во поддршка на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пристапноста не е привилегија, туку основно право. Еднакви можности и активно учество во општеството, се само некои од барањата на луѓето со попреченост. „Маршот на исклучените“ е дел од програмата на петтото издание на „Инфјужн“ – Фестивал на инклузија, настан кој секоја година ги обединува велосипедистите, семејствата и мајките со детски колички во поддршка на лицата со попреченост.

„Доколку нешто си замислам како желба, тоа би било да го затвориме нашето здружение и веќе да не се бориме за нашите права. Тоа веројатно нема да се случи наскоро, меѓутоа дефинитивно она што може да го очекуваме во најскоро време е нашите права како лојални граѓани на оваа земја и овој град да дојдат до тоа нивно да ние се чувствуваме прифатени, примени и дел од една голема заедница“, изјави Гере Трипков, претседател на здружението „Икуалити“.

Учесниците бараат од надлежните пристапни тротоари, патеки и јавни површини, со цел лицата со попреченост непречено да се движат и учествуваат во секојдневниот живот.

Реклама

„Оние пречки со кои се соочуваме не се само архитектонсски односно физички – дали има тротоари, пристапни рампи, меѓутоа се повеќе во рамки на институциите зборуваме за дигитална пристапност, за лицата кои што се глуви или слепи, правото да користат толкувач и знаковен јазик за да можат да комуницираат полесно со институциите и да можат да си ги остварат своите права и потреби во рамки на системот, држава или град каде што живеат“.

Според податоците од последниот попис, во Македонија живеат вкупно 94.412 лица со попреченост, од кои лицата со физичка попреченост се најзастапени и опфаќаат над 40% од оваа бројка. Мирно протестно движење за подигнување на свеста на граѓаните со заедничка цел – достапен и поинклузивен град во кој никој не е изоставен. Инклузијата не треба да тема само за еден ден, туку постојана обврска на институциите и едно општество.