Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски од црната листа на САД во втор круг

Маја Мојсова да каже, дали ќе повика да се гласа за Стевчо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Маја Мојсова да каже, дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски од црната листа на САД во вториот круг? СДСM, Филипче и Заев перфидно ја наместија Маја Мојсова да глуми статист на овие избори, да собере одреден број на гласови за да има втор круг во Карпош. Маја Мојсова знае дека губи, и знае дека Филипче и Заев се испазариле со Стевчо Јакимовски да му дадат гласови во вториот круг, истакна Анета Марковска Илиевска, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето е дали Маја Мојсова ќе се понижи до толку и ќе тргне по паметот на Зоран Заев и Венко Филипче и ќе го поддржи Стевчо Јакимовски, за кој САД отворено велат дека е криминалец и за кој постои пресуда во Македонија за криминал што го сторил.

Дали Маја Мојсова ќе ја одигра улогата на марионета до крај или сепак ќе покаже карактер и ќе се спротистави на бизнис договорот Филипче – Заев – Стевчо?

Реклама

Маја Мојсова да каже и да не молчи. Дали ќе го поддржи во втор круг Стевчо Јакимовски, осуден криминалец на црната листа на САД и дали ќе повика да се гласа за него.