Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

MAНУ го одбележа Денот на Академијата – Традиција, национален идентитет и визија за иднината на науката и државата

МАНУ како највисока научна институција во Македонија, има долг и обврска да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МАНУ како највисока научна институција во Македонија, има долг и обврска да го штити македонскиот јазик, култура и идентитет – да бидат безбедни и неоспорувани. МАНУ ја чува и негува традицијата воспоставена од нашите претходници, црпејќи ги искуствата од минатото и користејќи го стекнатото знаење за обезбедување на иднината на научната мисла во сите области на општественото живеење и развојот на Македонија. 

Според претседателот на МАНУ, Живко Попов, научно истражувачката дејност и уметничкото  и литературно творешство се неразделни во развојот на човекот како интелигентно битие и се дел од неговите најкреативни дејсности. На одбележувањето на Денот на Академијата беше испратена порака дека научниците и надлежните институции во власта мора да соработуваат во спроведувањето на коренити реформи – и во научноистражувачката дејност и во високото образопвание. Одржлив развој на македонското општество ќе има кога ќе се вложува во квалитетет. Попов ја нагласи и посветеноста на владата да се вклучи во  изработка на заеднички сеопфатен проект во сите круцијални области на општествено живеење, од кој ќе произлезат приоритетни документи за развој на државста до 2050 година

Владата најави вклученост на МАНУ во носењето на реформите и новите развојни проекти. На овој начин би се отишло чекор напред во однос на усвоената национална стратегија во Собранието преку конкретизација на проблемите и мерките за нивно реформирање, односно имплементација и мониторингот на овие процеси, кое нешто би било координирано од страна на академијата. МАНУ со своите 6 одделенија, 8 научно истражувачки центри и со своето искуство, во соработка со Владата и со професорите и научниците универзитетите и научната заедница има капацитет да работи на овие теми и прашања, рече академик Попов.

Реклама

Попов ги презентираше и извештаите од Центрите за стратегиски истражувања – кои се занимаваат со области како животна средина, економски раст, енергетика, компјутерски науки и информатички технологии, културно наследство, генетско инжинерство и биотехнологија.

Со цел да ја зачува традицијата но и да го обезбеди континуитетот на македонскиот јазик, МАНУ и во текот на оваа година одржуваше ни организираше настани поврзани со одбележувањето на 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот страндарден јазик. Академијата повторно ќе работи на проект од врвен национален интерес за унапредување и заштита на македонскиот јазик.

Македонската академија на науките и уметностите не само што ги чува темелите на македонскиот идентитет, туку и активно ги гради контурите на иднината. Во време на глобални предизвици и брзи општествени промени, МАНУ се позиционира како клучен сојузник во обликувањето на националните приоритети, претворајќи го знаењето во стратегија, а традицијата во визија.