Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Манасиевски: Венко, критикуваш за Кочани но, дали се согласуваш со пресудата за Модуларната болница?

Здраво Венко, како си? Како беше на палмите во Дубаи? Заев како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здраво Венко, како си?

Како беше на палмите во Дубаи? Заев како е, оди ли бизнисот? Харис Џиновиќ пееше ли повторно на ваша приватна забава?

Сигурно од времето поминато на песочните плажи, Венко не е запознаен, но да ти кажеме дека камп за мигранти нема да има!

Реклама

Сигурно не си чул, но тоа го кажа и амбасадорот на Обединетото Кралство.

Сигурно си се заиграл на песоците во Дубаи и не знаеш дека парите од Обединетото Кралство ќе се користат за проекти, а не за плаќање на избори како во твое време?

А сега, ќе ти кажеме и каков нема да биде договорот со Обединетото Кралство.

Договорот нема да биде како твојот површен за градба на модуларни болници, полн со криминални моменти.

Договорот нема да биде ниту како крвавите тендери од 35 милиони евра, договорот нема да биде ниту како обидот за приватизација на јавното здравство како што ти пропагираше, ниту ќе биде како договорите со веледрогеријата Пановски, на чиј сопственик ќерката му ја постави директорка на Клиника, па редевте милионски тендери.

Договорот нема да биде ниту како тој за Стабри вакцините и профитерството во короната, ниту пак со маил жути јаху.

Во однос на трагедијата во Кочани, претседателот Мицкоски ги прими семејствата на загинатите од Кочани, но ти беше во Дубаи и не можеш да знаеш за тоа.

И на крај, Венко нели ти е срам да збориш за Кочани? Кажа ли дали се согласуваш со пресудата за Модуларната болница со симболична одговорност на периферни ликови?

Венко те гризе ли совеста или воопшто не ти е гајле?