Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Манасиевски: Сите против Филипче – Филипче за нигде

По само еден ден од старо-новото раководство на Заев, изгласано од Филипче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По само еден ден од старо-новото раководство на Заев, изгласано од Филипче, летаат оставки од општински организации на СДСM и бараат оставки од Филипче, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиумите.

По толку помпезното најавување од страна на Филипче за реформи во СДСM, тој го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место. Наместо свеж, чист и нов кадар, тој ги врати старите истрошени кадри од времето на Заев и Ковачевски.

Филип Андов, Јон Фрчковски, Јованка Тренчевска, Андреј Жерновски, Љупчо Фармаковски, Александар Наумоски се таканаречените нови лица на СДСM. Луѓе полни со скандали, со лошо минато, луѓе без кредибилитет, луѓе кои не испорачаа кога им беше побарано од граѓаните. Некомпетентни и неквалитетни кадри.

Реклама

А дека бродот во СДСM тоне, доказ за тоа се неколку оставки од општински организации од Ѓорче, до Битола и Крива Паланка. Оставки од Филипче се бараат на секој чекор, а тој гордо ги продолжува да ги исполнува задачите кои му ги дава Зоран Заев.

Реформите во СДСM ќе дојдат само со формална оставка на Филипче и претседателот во сенка Зоран Заев.