Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Манасиевски: Прво уставни измени, потоа редефинирање на историјата и идентитетот, до таму е спремен да оди специјалниот пратеник на Радев, Венко Филипче

Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Филипче е на иста линија со Виктор Стојанов од фондацијата “Македонија”, која дејствува во Македонија ширејќи говор на омраза кон Македонците, негирање на македонскиот идентитет и претставување на македонската историја како бугарска.

Филипче е на иста линија и со бугарската министерка на Радев, Петрова Чамова. Како што можеме да видиме на фотографиите зад мене и двајцата велат дека преговараме со ЕУ, а не со Бугарија. Но, проблемот е во тоа што само Бугарија поради свои интереси ја кочи и ветоизира Македонија на полето на евроинтегративниот процес.

Реклама

За таа цел, бугарските власти ги најдоа меките ткива во политиката во Македонија, како Зоран Заев, Димитар Ковачевски Ковачевски а сега и Венко Филипче, кои слугуваат на туѓи интереси на штета на сопствените – македонските.

Иако граѓаните им одржаа лекција, ги казнија на 4 последователни избори, токму поради нивните антидржавни политики, на Филипче и на СДСМ не им доаѓа памет и продолжуваат со истата поданичка политика мислејќи дека така ќе дојдат на власт.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на историските ликови кои твореле, кои го описмениле регионот и кои се бореле за да создадат македонска држава. Македонија има своја историја, свој идентитет и свој македонски јазик. Се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема да дозволиме погазување на нашето достоинство.