Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев  

Партиските притисоци предводени од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партиските притисоци предводени од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден. Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДСМ и ДУИ, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.

Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен.

Реклама

Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДСМ и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети.

Правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна.

Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДСМ и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДСМ и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции.

ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!