Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Манасиевски: Мекотелните политики на Филипче и СДСМ и даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет

Мекотелните политики на Филипче и СДСМ и даваат на Бугарија можност да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мекотелните политики на Филипче и СДСМ и даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет. Филипче и СДСМ немаат против ние да бидеме „северномакедонци’’, напротив тие ја потврдуваат и шират оваа терминологија, заедно со нивната теза дека уставните измени се последниот чекор за влез во ЕУ, кажа на денешната прес – конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ портпаролот на партијата Валентин Манасиевски.

-Би сакал да ги потсетиме Филипче и СДСМ, дека промената на државно име беше последниот чекор за влез во ЕУ, па потоа беше промената на знамето, па потоа промената на Уставот, за потоа повторно да го промениме името на државата, и сега да дојдеме до промена повторно во Уставот за додавање на Бугарите. И секако и ова е последниот чекор кој треба да го исполниме за да станеме ЕУ членка.

Да не ги заборавиме и датумите за отпочнување на преговорите со ЕУ, кои менторот на Филипче, Зоран Заев неколку пати ги споделуваше во јавноста, за еве 5 години подоцна, поради тие нивни антидржавни политики да сме подалеку од ЕУ, отколку што бевме порано, рече Манасиевски.

Реклама

Тој порача дека Филипче и СДСМ треба да извлечат поука од минатото, а тоа е дека, вели, Македонија е единствената држава која најмногу страдала и направила најмногу отстапки за да влезе во европското семејство.

-Сите отстапки кои ги има државата направено се од времето на СДСМ, кога луѓе поранешни функционери поради лични интереси ја продавале државата. Тоа се истите оние луѓе кои глумат патриоти и говорат за истото, а зад затворени врати потпишуваат бланко листови и го продаваат македонскиот идентитет.

Затоа, Македонија не смее да потклекнува поради криминалното минато на ликови како Зоран Заев и Венко Филипче, кои за да се спасат од правдата и да дојдат на власт, државата би ја однеле во амбис, рече Манасиевски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: