Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Манасиевски: Доколку утре има парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 60 пратеници, СДС би била трета партија во некои изборни единици

ВМРО-ДПМНЕ како апсолутен победник на локалните избори со освоени 33 општини во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ како апсолутен победник на локалните избори со освоени 33 општини во првиот круг и водство во 19, плус градот Скопје, би освоило над 60 пратеника доколку утре има парламентарни избори, додека пак СДСМ и Филипче би биле трета партија во некои изборни единици, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, наведува партијата.

ВМРО-ДПМНЕ во однос на минатите локални избори има скок од 12.000 гласа, додека пак СДСМ е во дебел минус од 111.000 гласа. Во однос на добиени советнички места, ВМРО-ДПМНЕ има 550 места во советите на овие локални избори или во споредба со локалните 2021 скок од 82 места додека од друга страна, СДСМ има околу 230 советнички места што е за 166 места помалку од 2021 година. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ има освоено и најмногу советнички места, во 59 општини и градот Скопје, од кои во најголем дел има апсолутно мнозинство во советите. 

Почитувани граѓани. Историската победа на овие локални избори на ВМРО-ДПМНЕ се должи на успешната работа на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изминатите четири години, како и работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, кои ги поддржаа општините како никогаш досега. 

Реклама

Затоа, продолжуваме и понатаму со работа и со реализација на она што е ветено. Граѓаните го направија вистинскиот избор. Избраа работа, избраа проекти, избраа вистински луѓе на вистински места. Ги повикуваме граѓаните, на 2 ноември, на вториот круг од овие локални избори, повторно да излезат и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9.