Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Манасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДСM навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја

Кај Венко Филипче и СДСM е евидентна нервозата, затоа што Македонија конечно има позитивни резултати на меѓународен план. Нервозни се затоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека може да се води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси. Во само една недела Македонија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај Венко Филипче и СДСM е евидентна нервозата, затоа што Македонија конечно има позитивни резултати на меѓународен план.

Нервозни се затоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека може да се води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.

Во само една недела Македонија доби силни потврди за правилната насока во којашто се движи државата.

Реклама

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во исполнување на Реформската агенда. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година. Ова е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет како и меѓународна потврда за државата. Паралелно со ова, нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент испраќа важна порака дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО. Да не го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот со Советот на Европа, со што Македонија ги исполнува сите демократски капацитети.

Почитувани граѓани,

Разликата е повеќе од јасна. Македонија денес е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати. Тоа е разликата помеѓу СДСM и ВМРО-ДПМНЕ, едните се прифаќаа, другите работат, едните би ја редефинирале македонската историја, а другите ја позиционираат Македонија како почитувана европска држава.

Затоа Филипче и СДСM се нервозни и затоа им пречи секој успех. Им пречи што Македонија конечно оди напред.