Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Манасиевски: Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДСМ, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија, изјави Валентин Манасиевски, портпарол […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период од 2027 до 2029 година. За првпат од независноста, ќе бидеме дел на едно од главните тела на системот на Обединетите нации. Ова е историски успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, на доверба, на работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но која носи конкретни резултати.

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува за периодот до ноември 2025 година, испраќа важна политичка порака, а тоа е дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност како и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО алијансата.

Реклама

Имаме заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика. Пост-мониторингот со Советот на Европа е завршен со што ги исполнуваме сите демократски капацитети како држава. Имаме стратешки договори со Унгарија, Хрватска, Обединетото Кралство и САД. Но, исто многу важно во делот на дипломатијата конкретно во делот со Бугарија е дека по долги години потчинување, понижување и неработење од страна на тогашната влада предводена од СДСМ, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша Ратификување на договор со Бугарија за Коридорот 8, што е од клучно значење за Европа, регионот како и самиот Балкан.

Почитувани граѓани,

Додека едните се сликаа на автопати со маички и си делеа провизии од анексите за работа на коридорите, додека другите потпишуваа бланко листови за да останат ден повеќе на власт на штета на македонските интереси, ВМРО-ДПМНЕ работи на евроинтегративниот процес, со реални ефекти, со реални резултати и со државнички однос кој денес го поздравуваат голем број на функционери од земјите членки на ЕУ.

Затоа на СДСМ, дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им пречи. Затоа што за нив единствен успех би бил ставањето на Бугарите во Уставот за редефинирање на македонската историја.