Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија? 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, СДСM повторно одигра за Бугарија преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

СДСM повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. 

Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. 

Реклама

Имено, докторот кој ја констатира дијагнозата на Ива Михаилова е доктор Иван Барбов, кој беше поставен за директор на Клиниката за неврологија во 2017 година, од страна на Зоран Заев и Венко Филипче.

Токму докторот Иван Барбов изготвил извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, туку дека ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија.

Истиот Иван Барбов е познат во јавноста како осуден криминалец во судскиот случај „Метастаза“, каде што бил еден од обвинетите за посредувње во издавањето на инвалидски пензии. Според информациите кои тогаш ги објавија и медиумите и ВМРО-ДПМНЕ, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање на инвалидски пензии. Групата на Барбов за двете години додека дејствувале според податоците кои во јавноста излегоа преку медиумите, заработиле 165.000 евра, но и го оштетиле Фондот за здравство за 53.000 евра, за што Иван Барбов е и правосилно осуден. 

Очекуваме одговори од Филипче и Заев, дали е точно дека имаат ургирано кај својот криминален другар и доктор Барбов, да направи таква дијагноза за Ива Михаилова, во која докторот укажува дека таква метода за лекување нема во Македонија, туку има во Бугарија, затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто Филипче и Заев си играат со довербата на јавноста? 

Очекуваме постапка по допрен глас и истрага на овој случај во кој се сомневаме дека имаат вмешано прсти Филипче и Заев, преку својот доктор Барбов, а зад целата оваа операција стои токму  Бугарија и Румен Радев.