Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Манасиевски: Дали 14 милиони евра од еден тендер на Марковски компани завршиле на сметки на Заеви, затоа ли судот го пушти во куќен притвор?

Од денеска почнуваме со разобличување на криминалот на Марковски компани, очигледното испумпување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска почнуваме со разобличување на криминалот на Марковски компани, очигледното испумпување на пари од државните РЕК и ЕСМ и грабежот кој го правеле СДС. Од сето ова ќе стане јасно зошто газдата на Марковски компани доби куќен притвор од судиите на СДС, наместо да заврши во затвор – истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Марковски компани добиле 46 милиони евра од само еден тендер од СДС, иако понудата била поскапа, а сега, добива само куќен притвор што е доказ за гнилото судство!

-За конкретната набавка за ископ на јаглен имало три понудувачи. Најевтината понуда изнесувала 100 денари по гигaџул. Но прифатена е понуда од 129,7 денари по гигaџул. Тоа е 30 проценти повисока цена. Автоматски се поставува прашањето каде завршиле овие 30% – изјави Манасиевски.

Реклама

Тој вели дека за да биде појасно, 30% од 46 милиони евра се 14 милиони евра. Дали овие 14 милиони евра завршиле преку разни канали до сметки на Заеви во Бугарија и Дубаи?, запраша.

-14 милиони евра од само една зделка на Марковски компани со РЕК и ЕСМ како очигледен профит за мафијата која тогаш управувала со државата. И сега газдата на Марковски компани, е тој што треба да каже каде завршиле овие 14 милиони евра разлика во понудите, тој наместо во притвор е во куќен притвор, заштитен директно од судиите на СДС, кои ги извршуваат насоките на нивните наредбодавци Филипче и Зоран Заев – вели Манасиевски. 

Тој изјави дека деновиве ќе продолжат со објавување на детали од тоа како со пари на РЕК и ЕСМ преку Марковски компани се финансирал кругот околу Заеви и Филипче.