Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Манасиевски: Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување, како што сакаат Филипче и СДСM

Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување, како што сакаат Венко Филипче и СДСM. Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика, предводена од Филипче, неговиот ментор Зоран Заев и СДСM, заврши – стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување, како што сакаат Венко Филипче и СДСM. Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика, предводена од Филипче, неговиот ментор Зоран Заев и СДСM, заврши – стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните во најголема мера даваат недвосмислена поддршка на Македонија кон европскиот пат, но исто така сличен процент граѓани сметаат дека државата не треба да прави повеќе отстапки за да стане дел од ЕУ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека европскиот пат на Македонија не треба да е еднонасочна улица, туку дека Бугарија треба да ги испорача нејзините обврски, како што се пресудите од Европскиот суд за човекови права. 

Реклама

Секако, оваа државничка политика, во која не прифаќаме уцени и диктати од официјална Софија, не им се допаѓа на Бугарија и на специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, кои имаат добро координирани ставови и тези, кои ги пласираат во јавноста.

Ваквата мекотелна политика на Филипче и СДСM со потчинувачки изјави и отворени симпатии кон Бугарија нема да му донесе добро нему, но не ѝ носи добро и на државата. Така беше и со Заев, така беше и со Ковачевски, а сега истото и со Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови понижувања во евроинтегративниот процес на Македонија.