Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Манасиевски: Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лагите

Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги. Сакајќи да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги. Сакајќи да се извади и да се направи како да не е од тука и не знае што се случува, докторот Барбов обелодени дека целосно го водел случајот противправно, изјави денеска на прес конференција,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, стои во партиското соопштение.

Барбов, Филипче и Заев, пред да се правдаат, треба да кажат како Барбов, како невролог, дава мислење за хируршки интервенции? Како дал конзилијарна препорака, кога пациентката никогаш не била упатена на лекарски конзилиум, ниту пак поднела барање за конзилијарно мислење? Зошто Барбов, пациентката како пациент после траума, не ја упатил на преглед кај неврохирург или пак трауматолог? Дали Барбов, Филипче и Заев, сакале брзо да го завршат случајот и без никој да знае, да му направат услуга на Радев? Затоа што ако не било тоа случајот, сето ова што го кажавме досега ќе било преземено.

Дополнително, трагикомична е изјавата на Барбов, дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување. Барбов, Филипче и Заев, ги поминале своите ингеренции и со препораката за лекување во Бугарија. Точно е дека двете земји имаат билатерален договор, согласно меѓународната конвенција за здравствено згрижување на пациенти, но има правило, кои пациенти и во кој случај добиваат лекарска грижа или лекување во една од земјите за граѓанин на другата држава, а не како што тоа докторот Барбов го направил со упатување.

Реклама

Барбов, Филипче и Заев, целосно се разголија, и сега се е на чисто, кој каква улога имал.