Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Целосно се обновува главната водоводна мрежа во Кадино

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во градежните активности за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во градежните активности за санација на главната водоводна мрежа во должина од околу 650 метри во н.м Кадино, соопшти Општината.

Во рамки на проектот, се вели во соопштението, старите, дотраени и оштетени водоводни цевки се заменуваат со нови полиетиленски цевки Ф280, со што значително ќе се подобри функционалноста и сигурноста на водоводниот систем.

Градоначалникот Георгиевски истакнал дека со реализацијата на овој проект ќе се овозможи континуирано и стабилно водоснабдување, намалување на загубите на вода и одржување стабилен притисок во водоводната мрежа.

Реклама

Тој нагласил дека во претходниот период се санирани 1.400 метри од главната водоводна мрежа во Кадино, а со тековната санација на дополнителни 650 метри, целосно ќе биде обновена главната водоводна мрежа во ова населено место.

-Со завршувањето на градежните активности ќе се реши долгогодишниот проблем со дотраената водоводна инфраструктура и честите дефекти, со што ќе се обезбеди посигурно, поквалитетно и стабилно водоснабдување за жителите на Кадино – се наведува во соопштението.