Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Македонското здравство остана без кислород: Три дена се затворени сите хирушки сали на хирургија во Клинички центар

Она што треба да биде врвна здравствена установа во Македонија три дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она што треба да биде врвна здравствена установа во Македонија три дена била во колапс. 18 хируршки сали за прв пат во историјата беа надвор од употреба поради сериозна хаварија. Иако било алармирано уште пред три години, никој не презел ништо па пумпите за кислород откажале по што сите интервенции биле одложени. Животите на најтешките пациенти висеа на конец чекајќи за операција.

“За повеќе од 72 часа стотици пациенти биле вратени од хирушките клиники, затоа што операционите сали не функционирале”

Од Министерство за здравство три дена молчеа за катастрофалниот дефект, но откако излегоа информации во јавноста испратија соопштение. Но не одговорија конкретно како може да се дозволи хирушките сали во најголемиот Клинички центар во Македонија да не функционираат. Од кабинетот на Илир Демири демантираат дека имало сериозен проблем на клиниките.Тие само објаснија дека пумпите биле санирани во најбрзо време, а истовремено признаваат дека голем дел од компресорските пумпи биле дотраени.

Реклама

“Компресорската станица требала да биде променета уште пред 3 години. Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени” – велат од Министерството за здравсто.

И од клиничките заеднички служби кој се надлежни за одржување на оваа опрема, велат дека навремено реагирале на дефектот.

“Повикана е фирмата со која ЈУ од областа на здравството има договор за одржување на опремата, направена е проверка на опремата во компресорската станица и утврдено е оштетување на два цилиндри. По направената дефектажа и утврдување на проблемот, дефектот е отстранет и на ден 09.04.2024 година добиена е потврда дека системот може да се користи” – се вели во одговорот од ЈЗУ заеднички служби на Клиника.

Сите стотина пациенти меѓу нив и со животно- загрозувачки сосотјби изминатите денови додека траел дефектот со пумпите не биле ниту примени на болничко лекување, туку биле вратени дома, затоа што медицинскиот персонал немал информација кога ќе се санира проблемот.

По 72 часа пумпите биле санирани и операцоните сали отворени, но поради одложените интервенции сега има вистински метеж па ќе треба подолго време за повторно да се воведе каков таков ред.