Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна амбуланта во Пустец. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонците во Република Албанија, се вели во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

И на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава, и Општина Пустец дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на Македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонско национално малциство.

Реклама

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонците во Република Албанија.

Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државиани, доведува асимилација на македонско национално малциство во Република Албанија – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.