Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“

– Во организација на Стопанска комора на Македонија и во соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во организација на Стопанска комора на Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија, денеска во Скопје ќе се одржи Македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“.

Според агендата, воведни обраќања на бизнис-форумот ќе имаат албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани, претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на стопански комори на Албанија, Инес Мучостепа.

Бизнис-форумот, како што информираат од  Стопанската комора на Македонија,  ќе обедини претставници на институции, инвеститори и деловни лидери од двете земји и ќе претставува платформа за зајакнување на економската соработка, воспоставување нови деловни контакти, развој на партнерства и разгледување конкретни можности за трговија и инвестиции од заеднички интерес.

Реклама

Во рамки на програмата ќе бидат организирани структурирани Б2Би Б2Г деловни средби меѓу компании од Македонија и компании и институции од Албанија, со цел директно поврзување на деловните субјекти согласно со нивните интереси и потенцијали за соработка.