Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Македонските автори Благојче Наумоски и Петар Новковски со изложбата „Бруталист“ во Белград

Во Галерија 73 во Белград денеска ќе биде отворена изложбата „Бруталист“, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Галерија 73 во Белград денеска ќе биде отворена изложбата „Бруталист“, која е заеднички проект на македонските уметници Благојче Наумоски – Бане и Петар Новковски – INCHRONAX.

Поставката претставува дијалог меѓу два авторски пристапи кон бруталистичката естетика, преку истражување на формата, материјалот, архитектурата и влијанието на времето врз нив.

Како што најавуваат организаторите, изложбата не го третира брутализмот исклучиво како архитектонски правец, туку како визуелен и концептуален јазик преку кој се истражуваат односите меѓу просторот, структурата, материјалот и времето.

Реклама

Преку своите дела, Наумоски и Новковски создаваат заеднички уметнички простор во кој се спојуваат два различни ликовни изрази, обединети околу интересот за суровата, но силно експресивна естетика на брутализмот.

Изложбата во Галерија 73, според најавите, ќе ѝ овозможи на белградската публика увид во дел од актуелното творештво на двајцата македонски автори и нивните современи интерпретации на бруталистичката визуелна култура.