Реклама
Бизнис

Македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките во Европа

Рекордни 31 проценти раст бележи  авионскиот сообрајќај  за првите 5 месеци годинава, според анализата на Меѓународниот совет на аеродромите–Европа .Ова е резултат на континуирани инвестиции од страна на Владата  во аеродромската инфраструктура, подобрувања на услугите, маркетинг-активности иуспешна соработка со авиокомпаниите. Според извештајот пред Македонија се позиционирани само Албанија со 25,3 проценти и Молдавија со 24,6 […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рекордни 31 проценти раст бележи  авионскиот сообрајќај  за првите 5 месеци годинава, според анализата на Меѓународниот совет на аеродромите–Европа .Ова е резултат на континуирани инвестиции од страна на Владата  во аеродромската инфраструктура, подобрувања на услугите, маркетинг-активности иуспешна соработка со авиокомпаниите. Според извештајот пред Македонија се позиционирани само Албанија со 25,3 проценти и Молдавија со 24,6 проценти раст, а намалување  на обем на патници бележат ародромите во  Германија -8,5 %, ВеликаБританија -2,1 % и Франција -0,9 %,  што е уште еден доказ за успешните политики на Владата, се наведува во извештајот.

Ова е силна потврда дека нашите аеродроми успешно реагираат на зголемената побарувачка за воздушен сообраќај и дека земјата станува сè попривлечна и достапна дестинација. Особено сме задоволни што во време кога многу европски пазари доживуваат стагнација или пад нап атничкиот сообраќај, Македонија е позиционирана меѓу европските лидери според порастот на бројот на патнициистакна Неџат Курт, Генерален директорна ТАВ Македонија.

Во периодот од јануари до мај годинава преку двата аеродрома во Скопје и Охрид патувале вкупно 1.580.932 патници, што претставува зголемување од 31,2 проценти во споредба со истиот период лани. Позитивен тренд е забележан и кај бројот на летови за првите пет месеци од годинава при што биле реализирани 10.595 летови, што е раст од 9,5 проценти во однос на истиот период во 2025 година. Рекордниот двоцифрен пораст на патничкиотсообраќај, од почетокот на 2026 година, ја покажува позитивната насока во развојот на македонските аеродроми, со што се зајакнува позицијата на земјата на европската воздухопловна мапа.

Реклама

Според Оливие Јанковец, генерален директор на Меѓународниот совет на аеродроми на Европа,

април 2026 година претставува јасна пресвртница за европскиот воздушен сообраќај.

-Охрабрувачка вест е дека побарувачката останува генерално силна, прилагодувањата на капацитетот на авиокомпаниите остануваат ограничени, а загриженоста за потенцијален недостиг на гориво за авиони е намалена истакна Оливие Јанковец- генерален директор на ACI Europe

Инаку од Европската Унија велат дека нема знаци за недостиг од керозин во Европа во наредните месеци и покрај енерегетскиот шок од војната во Иран. Главната загриженост според Меѓународната асоцијација на воздушен сообрајќај е само покачувањето  на цените. Од таму додаваат дека Европа е подготвена и има резерви за итни случаи. Агенцијата минатиот месец најави и можен увоз на керозин од САД.