Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Македонскиот филм „Утре наутро“ триумфира во регионот – пет награди и регионална дистрибуција

Најдобар игран филм и најдобро сценарио – и тоа од американско жири, на угледен меѓународен фестивал како што е Фестивалот на Југоисточна Европа – двете престижни награди со кои се закити македонскиот филм „Утре наутро“, по сценарио и режија на Јани Бојаџи претставуваат голем успех за македонската кинематографија – силно пробивање на меѓународната сцена. Оваа […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдобар игран филм и најдобро сценарио – и тоа од американско жири, на угледен меѓународен фестивал како што е Фестивалот на Југоисточна Европа – двете престижни награди со кои се закити македонскиот филм „Утре наутро“, по сценарио и режија на Јани Бојаџи претставуваат голем успех за македонската кинематографија – силно пробивање на меѓународната сцена. Оваа политичка драма, инспирирана од случувањата на 27 април и последиците што следуваа по нив, досега освои пет награди на меѓународни фестивали. Веројтано и поради актуелноста на темата.

„Темата со која се бави „Утре наутро“ во моментот е супер – актуелна во Србија. Тоа што нас ни се случуваше во 2017 година, сега се случува на улиците на Белград. Нема некоја голема мистификација зошто од еднаш се појави тој интерес, едноставно препознаа тема која реферира на реалноста во Србија“, вели Јани Бојаџи.

И не е само наградата. Телевизиската серија „Утре наутро“, која претставува поширока верзија на филмот, а во копродукција на ТВ Алфа, е продадена на „Прва српска телевизија“, најгледаната телевизија во Србија, каде што наскоро ќе биде емитувана премиерно. Со ова, серијата стана првата македонска телевизиска серија продадена на странски телевизиски пазар. Покрај Србија, за серијата покажаа интерес и телевизии од Хрватска и Бугарија.

Реклама

„На праг сме да потпишеме договор и со една од најгледаните хрватски телевизии и со една телевизија од Бугарија. Има интерес за серијата, така да полека серијата го живее животот надвор од Македонија на што се радувам посебно“.

Успехот на „Утро наутро“ се смета за дополнителен поттик за македонската филмска продукција, но и доказ дека домашните приказни можат да допрат до регионалната публика.