Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Македонски водич во Дубаи: Од град на луксуз и туристички рај до место на страв и неизвесност

Охридскиот туристички водич Љупо Јузмески, кој говори неколку странски јазици, 3 месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридскиот туристички водич Љупо Јузмески, кој говори неколку странски јазици, 3 месеци престојувал во Дубаи. Ангажиран како придружник од туристичка агенција од Тирана, ги водел туристите низ светот на луксузот во најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати, сè до 28-ми февруари, кога се слушнале првите детонации. Ескалацијата на конфликтот во Персискиот Залив преку ноќ направи хаос во воздушниот сообраќај. Авионските карти во еден правец, кои во нормални услови чинат околу 500 евра, достигнаа баснословна сума од 5.000 евра, раскажува Јузмески. Тој е еден од над 500-тината Македонци кои морале да го продолжат престојот во Дубаи, оти 5 пати му го одложувале летот.

„Голем проблем се направи за нешто што ретко кој го знае, а тоа е дека крузерите кои добија забрана за пловидба во Арапскиот Залив, тогаш сите патници од 5-6 крузери по 1.000 патници, околу 5-6.000 туристи претежно од Британија, Шпанија, Германија, Данска, Скандинавија. Пензионерски туризам, сите ги евакуираа со авионите од Дубаи и Абу Даби. Тоа повлече да ни ги земат летовите и да ни ги одложат летовите, се случи едно одложување секојдневно“, вели Јузмески, туристички водич.

Во Дубаи живеат многу Македонци, се работи за близу 4-милионски град во кој секојдневно има над 1 милион туристи, а ние се движевме по однапред определени траектории. Кога почнаа воздушните напади, преку социјалните мрежи почна интензивна комуникација помеѓу Македонците. Се чувствував безбедно, вели Јузмески, бидејќи бев во дел од градот кој и не е така блиску до локациите кои беа погодени од остатоци од ракети и беспилотни летала. Таму ситуацијата и не беше наивна. Последната група туристи Јузмески ја испратил на 28-ми февруари, а туристите кои требало да стигнат наредниот ден ги откажале аранжманите.

Реклама

„Има многу откажани аранжмани, веќе од 1-ви март нема веќе групни патувања во Дубаи, така што туризмот ова лето е завршена работа. Никој ништо не очекуваше од ова што се случи таму. Сите беа расположени, сите имаа свои програми, сите си го шетаа Дубаи, си уживаа во сè што нуди Дубаи на туристите и одеднаш една вечер се случи секој да добие порака на мобилниот телефон да бараат да се засолнат во некое засолниште“, вели Јузмески.

За да покаже безбедност на нацијата и странските резиденти, кои сочинуваат околу 80% од населението, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, еден од најмоќните луѓе на Блискиот Исток, се прошетал низ главниот трговски центар и мирно пиел чај. Иако во Дубаи се функционира нормално, сепак постои страв, секој сака да се врати таму каде што е безбеден, вели Јузмески, заблагодарувајќи се на Владата и македонската амбасада во Абу Даби за организираната евакуација.