Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Македонски Концепт ги осудува партиските протести на левичарската ДУИ, организирани по нарачка и за потребите на Белград

Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански, туку организирани и предводени од страна на левичарската ДУИ, партија на марксисти – ленинисти, која по нарачка на Белград, за нивни потреби, отвара или затвора етнички прашања и тензии во Македонија и регионот, стои во соопштението од партијата.

Овие настани беа чин на примитивен шовинизам, кој има за цел да го наруши соживотот и мирот во нашата држава. Начинот на кој се одвиваше овој собир претставува директна навреда за секој чесен граѓанин на Македонија.

Желбата ДУИ да се врати на влас ја гледаме низ присилна манипулација со млади луѓе.

Реклама

Скандалозно и недозволиво е што на целиот протест немаше ниту едно државно обележје на Македонија, што е директно кршење на законите на оваа држава. Уште попоразително е што во екот на ова дивеење беа сквернавени споменици на македонските револуционери, луѓето кои ги положија своите животи за слободата и независноста на нашата татковина.

Македонски Концепт категорично го осудува насилството како политичка алатка. Повикуваме на итна и сериозна реакција од страна на надлежните институции и сите учесници и организатори кои ги прекршија законите и ги осквернавија нашите споменици мора да бидат соодветно санкционирани.

Политиката на поделби, тензии и насилство, промовирана од ДУИ, нема иднина во Македонија. Време е државата да покаже дека владеењето на правото важи за сите подеднакво.