Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Македонски експерти ја утврдуваат фактичката состојба со старите моликови шуми на Пелистер

Експерти, членови на работната група за зачувување на старата моликова шума, формирана со одлука на македонската Влада, денес на планината Баба, во националниот парк „Пелистер“ ја утврдуваа фактичката состојба со старите моликови шуми, како и ефектите од досега спроведените одгледувачки и обновителни мерки. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, иницијатори и организатори на активностите, информираа дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Експерти, членови на работната група за зачувување на старата моликова шума, формирана со одлука на македонската Влада, денес на планината Баба, во националниот парк „Пелистер“ ја утврдуваа фактичката состојба со старите моликови шуми, како и ефектите од досега спроведените одгледувачки и обновителни мерки.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, иницијатори и организатори на активностите, информираа дека процесот се динамизира и интезивира со цел попрецизно делување и креирање на финалните заклучоци кои треба да се пратат до Владата најдоцна до крајот на август оваа година.

-Претставниците на Шумарски факултет, Инспекторатот за шумарство, Инспекторатот за животна средина и вработените од ЈУНП Пелистер се согласни дека е потребно да се направи континуирано следење на сите процеси во моликовите шуми, детално да се проучи и анализира фактичката состојба од аспект на обновување и здравствена состојба со цел овозможување на нејзин одржлив развој, и да се изработи студија за заштита на моликовате шуми и студија за одгледување и обновување на моликовите шуми, истакна Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола.

Реклама

Паралелно експертите работат на усогласување на потребните мерки со законската регулатива која ги опфаќа шумите и животната средина, соопштија од таа национална установа.