Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и го претворил во „база за дрога“

Албанската полиција во приморскиот град Валона, уапсила македонски државјанин, кој изнајмен стан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанската полиција во приморскиот град Валона, уапсила македонски државјанин, кој изнајмен стан претворил во „база за дрога“.

-Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. (53) кој изнајмил стан во населбата „10 јули“ каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во помали пакувања, стои во полициското соопштение.

За време на претресот, полицијата во станот, пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони, за кои постои сомневање дека се користеле во нелегалната активност.

Реклама

Во акцијата уапсени се и албанските државјани А.И.(31) од Валона и К.А.(27) од Берат, кои исто така пред судот во Валона ќе одговараат за  кривично дело „производство и продажба на наркотични дроги“.