Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Македонската гајда на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Гајдата се најде на листата нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Директорката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гајдата се најде на листата нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Директорката на Управата за заштита на културно наследство, Весела Честоева вели дека гајдаџиите кои целиот свој живот го посветиле на негувањето на овој инструмент придонеле кон овој успех кој значи сериозна промоција на македонската култура и традиција.

„Па можам да истакнам дека сме презадоволни од самата Сесија на Меѓувладиниот комитет на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, бидејќи токму во овие моменти успеавме да ја впишеме гајдата. Македонија оваа година имаше поднесено номинација заедно со Република Турција за впишување на гајдата на репрезентативната листа“ вели Весела Честоева, директор на Управата за заштита на културното наследство

Впишувањето на листите на УНЕСКО, претставува обврска за државите но и можност за промоција на националното богатство во глобални рамки и зачувување за идните генерации.

Реклама

„Во име на минатите, сегашните и идните генерации изразувам благодарност на евалуционата комисија и комитетот за впишување на македонската гајда на репрезентативната листа. Ви благодариме УНЕСКО“ вели Весела Честоева, директор на Управата за заштита на културното наследство

Гајдата е заштитена и запишана како заедничко богатство на Македонија и Турција. Нашата држава за прв пат се впиша во листите на УНЕСКО за нематеријално културно наследство во 2013-та, а оттогаш се заштитени вкупно седум обичаи, занаетчиски техники и танци.

Давид Крстевски