Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Бугарија со перфидни игри се брани за кршењето на човековите права на македонското малцинство

Софија продолжува со перфидните игри. Наместо да понуди правни факти како одговор…

Сподели:

Софија продолжува со перфидните игри. Наместо да понуди правни факти како одговор на 17-те пресуди од Европскиот суд за човекови права во корист на македонските здруженија во Бугарија, реши политички да напаѓа и квалификува. Софија деновиве испрати допис до Стразбур во врска со својата обврска да одговори на забелешките на Советот на Европа… Во одговорот источниот сосед прибегнува кон политиканство, обвинувајќи ја Македонија за „поткопување на европските вредности“ и за наводна логистичка, финансиска и дипломатска поддршка на овие здруженија.

Во дописот, Софија твди дека македонските здруженија од групата ОМО „Илинден“ не се заинтересирани за регистрација, туку за „политизирање“ на прашањето. Софија оди до таму што твди дека Македонија го крши духот на Европската конвенција за човекови права, прикажувајќи ја како незрела за членство во ЕУ.

Бугарија не застанува тука – во посебно соопштение, бугарската влада го нападна и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за „недоволно разбирање“ на одлуките на Европскиот суд и за „мешање во внатрешните работи на Бугарија“. Остра реакција стигна од премиерот Мицкоски, кој ја потсети Бугарија дека таа бара промена на Уставот во Македонија – и дека тоа е директно мешање во внатрешните работи на една држава.

Реклама