Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Македонија се гради, магистралниот пат Охрид- Св.Наум од денес е пуштен во употреба

Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, соопшти прес-службата на Владата на Македонија.

„Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.

Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.

Реклама

Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.

Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија“, се наведува во соопштението.

Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме. Државата е на патот на промените, потенцираат од Владата.