Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Македонија нема систем за брзо алармирање, 9 малолетници се водат како исчезнати

Каде исчезнуваат македонските деца? За само три години, 74 малолетни лица се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каде исчезнуваат македонските деца? За само три години, 74 малолетни лица се водат за изчезнати. Од нив, 65 се пронајдени. За девет деца се уште нема траг. Малолетната Вања Ѓорчевска не е единствениот случај на исчезнато дете по коешто трага полицијата. На сајтот на МВР долга е листата на лица по кои се трага.Меѓу последните е фотографијата и податоците за Петар Џобески, за кој од 25 февруари 2022 година, родителите се уште чекаат некаква информација каде е нивното чедо. Џобески исчезна на десетгодишна возраст во Мариовско. Станува збор за дете со попреченост, по коешто долго траеше потрагата.

Во кумановски Средорек, пак, исчезнаа две петгодишни деца во 2010 година – Мирсада Хелдовиќ и Дане Мемеди. Во речиси ист период во Скопско, пак, беше пријавено исчезнувањето на малиот Митат Ибраими. Случаите кои имаа голем одек во јавноста, се уште немаат разрешница.

Семејствата на дечињата се неутешни а полицијата немоќна.Од нив нема ниту трага ниту глас.

Реклама

„Потрагата е активна за 6 деца, на возраст до 14 години. Станува збор за две деца од Скопје, и по едно од Штип, Куманово,Прилеп и Гевгелија. Околностите под кои се исчезнати лицата не укажуваат на можно киднапирање, согласно оперативните информации на МВР и пријавите доставени од страна на пријавителите. Најчесто се наоѓаат по место на исчезнување или во околните населени места“, велат од МВР за Алфа.

Инаку, Македонија нема систем за брзо алармирање, за исчезнати лица. Најголемата помош граѓаните ја бараат на социјалните мрежи.Како добра алатка за пронаоѓање на исчезнати е американскиот систем Амбер Алерт. Се работи за механизам со кој преку смс пораки, објави на телевизија, известувања на аеродроми, хотели, гранични премини се даваат податоци за исчезнати деца со цел нивно брзо пронаоѓање.

Земјава има план да воведе еден ваков силичен модел кој ќе се вика “Најди ме”. Како тој би функционирал?

Oткако ќе се пополнат информациите на веб страната со согласноста која ја дава пријавувачот, но и по проценка на МВР, фотографиите од исчезнатото дете ќе се објавуваат на екраните на банкоматите, во такси компаниите, во ЈСП, на рецепции на хотели, аеродроми, со цел граѓаните да го запомнат лицето на исчезнатото дете и да се пронајде побрзо. Оваа иницијатива ја покрена граѓанската организација „Новинари за човекови права“, со поддршка од Австрија.

Ања Лукарова