Образовен систем кој ќе понуди практично знаење за што побрзо вклучување на младите во работен процес е еден од моделите кој може да го реши проблемот со недостатог на работна сила.
Дуалното образование како начин на едукација веќе се применува во средното образование и владата вложува во истото, но според експертите потребно е овој тип на настава, кој овозможува учениците од стручните училишта да работат во компании и да учат, да се применува поактивно и на факултетите.
Добар сигнал е новиот закон за работно ангажирање со кој може хонорарно да работат студенти без да го изгубат правото на редовно студирање . Ова ќе помогне тие да можат да заработуваат за време на студирањето, а воедно и да стекнат одредени практични знаења во професии и занаети кои недостигаат на пазарот на труд.

Она што мене ме охрабрува е промената во законот, сега може и редовен студент да оди на работа, тоа е добро. Сега имате дете на 17 години, сепак се тие деца, да влезе во работен однос, тоа е за мене позитивен сигнал. Недостатогот на работен кадар ние мора да го држиме ние со интегрирање на децава уште од процесот на матурирање бидејќи кога ќе ги оставите во лош образовен модел, вие ништо не сте постигнале со тоа, Синиша Наумовски – професор на Хајделберг факултет
Недостатокот на работна сила е демографски пробле со кој се соочува државава со години. Според последните податоци од Владата, Македонија изгубила еден град во последните четири години или 33 илјади жители.
Според експертите со вклучување на работа уште во текот на студирањето младите им се овозможува да се задржат тука затоа што веднаш влегуваат во работен процес.
Тонско Синиша Наумовски – професор на Хајделберг факултет
Ние сакаме 5 посто раст на БДП, јас го зборувам тоа и верувам во тоа, во овие три години но за 5 посто раст и до 8 да дојдеме ни треба работна сила, а кај ќе ја најдеме работната сила мораме од овде, и од друга страна враќање на сите оние кои се дијаспора ако веќе младите ни заминуваат тогаш ајде на оние кои се веќе таму да им помогнеме да се вратат во системот и после да се вратат тука
Владата подготвува стратегија за демографските политики во земјава. Во фокусот ќе бидат младите. Државата ќе вложува во изградба на нови градинки, повисоки плати на граѓаните, зголемување на еднократна помош на прво дете, надоесток за второ дете и воведување на финансиска поддршка за трето дете и близнаци. Дополнителна финансиска помош ќе има и за мајките после породилното отсуство.
