Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Македонија го слави Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Обединети, не само што ќе опстанеме,туку  само така и ќе победуваме-Премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обединети, не само што ќе опстанеме,туку  само така и ќе победуваме-Премиерот Христијан Мицкоски на прославата на Свети Кирил и Методиј,од катедралата црква Света Софија повика на единство.Тој меѓудругото се осврна на како што рече две теми кои се суштествено важни за нашето постоење. Првата се надворешните напади, блокади и негирања со кои 30 години како држава се соочуваме. Тие се насочени кон разјадување на темелите на нашето постоење-нашето знаме, народ, химна, јазик, култура. судбината и шансата на малубројните народи е да се пронајде на мудар начин во интересите на големите играчи на политичката сцена. Тоа е единствениот начин на кој можеме да опстоиме.

 “За да направиме квантни скокови потребно ни е градење на државно и национално единство. Подавање на рака, и клучна согласност за најважните прашања за татковината. Не барам јас единство за секое, туку за најважните прашања. Единството не значи да бидеме исти, туку да бидеме заедно во нашите разлики. Моите напори како човек кој ја има одговорноста да ја предводи Владата е да решам што е можно повеќе проблеми заедно со луѓето коишто се мои соработници, но и да постигнам единство важно за државата. Мојата порака е за мобилизација на секој креативен потенцијал во функција на заедничката иднина”-рече Мицкоски

Зборувајќи за домашни превирања и како што рече внатре државни сопки кои ги правиме пред очигледните притисоци однадвор,ниту една наша отстапка на наша штета овие триесет години не ќе беше возможна доколку не наидоа на пукнатини во нашите редови.

Реклама

“И ова добро мора да го запаметат и оние од опозицијата кога го напаѓаат договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, па кажуваат дека долгот ќе се зголемел поради инвестициите, па лагата дека мигранти ќе се носеле, само за да издејствуваат некој политички поен за себе. Едноставно, и во историска и во секоја друга смисла не вреди таквата реторика, и се прави штета на државата”-рече Мицковски

Премиерот ја искористи можноста да потсети на улогата на Македонската православна црква, како еден од најсилните бедеми на нашиот народ, мајката, како што рече, на нашиот духовен раст низ вековите, нашето засолниште и најсилен доказ за нашето постоење.Секој удар по нашата црква е удар по Македонија, по нашето постоење и битисување. Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан зборуваше за мисијата на Светите Кирил и Методиј кои во деветтиот век создадоа глаголицата и го преведоа Светото Писмо на старословенскиот јазик.

“Прославувајќи ги овие независни светила да се потрудиме да бидеме нивни достојни наследници и да растеме и да оставаме поколенија кои што ќе бидат вистински гласници на евангелието да создаваме зад нас наследници ки во овој свет  преполн си ислушенија ќе имеат да ги обединуваат разделените”-рече г.г. Стефан

Нема поголем патриотизам од тоа да се обединиме за доброто на сите. Не за поединци, не за партии, туку за нашата татковина. Нема западна или источна, нема држава на оваа или онаа партија, туку само единствена Македонија.Ние сме народ кој многупати бил потценет, но никогаш покорен. Народ кој чекори исправено-истакна Мицкоски на свечената академија,на одбележувањето на денот на сесловенските просветители.