Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Македонија е се поблиску до епидемија со морбили

Ќе ни се повтори ли 2019 кога имаше три смртни случаи од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе ни се повтори ли 2019 кога имаше три смртни случаи од морбили и околу 2000 заразени? Македонија е под закана за нова епидемија од мали сипаници алармираат епидемиолозите.Загрижувачки е нискиот опфат на имунизирани деца со МРП вакцината и тоа според докторите е главната причина на ширење на заразата.

“Првото што го очекуваме е морбили. За жал ни се случи пертусис да влезе прв…тоа апсолутно беше неочекувано.За морбилите е очекувано, затоа што тие си имаат и сезонска циркулација на неколку години, и плус МРП вакцинацијата ни е на катастрофално ниво.Ако кај нас имаме 70% имунизација, што не е реална ни таа бројка..во Србија и Црна Гора е уште полоша.Затоа кај нас многу лесно ќе се прелее” вели епидемиологот Сашко Олумчев.

Загрижувачка е состојбата и со епидемијата на голема кашлица во земјава.Расте бројот на заразени, епидемилозите предупредуваат – родителите да не се коцкаат  со своите деца и да ги имунизираат според вакциналниот календар.

Реклама

“Не постои тоа волшебно стапче – да си ја ставам вакцината и имам имунитет.Ние со вакцинацијата добиваме имунитет или имуна меморија.Една до две недели му е потребно на организмот да створи доволно антитела кој ќе бидат заштитни” изјави доктор Олумчев.

Дека има сериозни пропусти со имунизацијата со дитепер покажаа и првичните резултати од контролите на ДСЗИ во градинките во Скопје каде скоро 50 проценти од децата се невакцинирани или некомплетно имунизирани.

Едномесечно бебе е најмладиот пациент заболен од голема кашлица.

Новороденчето нема тешка клиничка слика, но мора да биде под лекарски надзор поради возраста. Добило пертусис пред да ја започне вакцинацијата согласно задолжителниот календар каде првата доза на ДиТеПер е предвидена на 2 месеци по раѓањето. Досега во главниот град има повеќе од 230 случаи на пертусис.