Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Македонија е подготвена за жена претседател, аналитичарите ги поздравуваат ставовите на Силјановска – Давкова

На Македонија и е потребна жена за претседател. Пораките на кандидатката Гордана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и е потребна жена за претседател. Пораките на кандидатката Гордана Силјановска Давкова за национално единство и сплотеност се искрени велат експертите. Професорката е одличен избор за да стои на чело на нашата земја ,вели Синиша Пекески. Тој ја искритикува работата на актуелниот претседател Стево Пендаровски, и повика идиниот претседател на државата да не биде марионета на политичка партија.

“Она што вчера кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова го упати на говроницата се одлични пораки во кои верувам дека сериозно ги мисли.Бидејќи и во нејзиното политичко делување досега го практикуваше тоа.Таа ми беше мој професор, и убеден сум дека ќе биде одличен претседател бидејќи Македонија заслужува да добие жена претседател. А и да се тргне она мислење за политичарите што го наметна Пендаровски дека се марионети на одредени полтички партии” – вели Синиша Пекески.

Аналитичарите очекуваат Силјановска Давкова убедливо да триумфира уште во првиот круг.

Реклама

“Она што би сакал да го видам во изборната кампања е да го видам оној позитивен тек на кампања. И кандидатите да имаат почитување еден кон друг и да имаат почитување кон граѓаните, бидејќи тие политичари не донесоа до ова дереџе.Се надевам ќе имаме женски дуел во вториот круг” – изјави Пекески.

Гордана Силјановска Давкова вчера упати пораки за обединетост, вети нов концепт на Претседател, близок до граѓаните, отпорен на политиката, неуморен во борбата за македонските национални интереси со јасен поглед кон Европската Унија.

“Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите, ве уверувам дека нема да ве засрамам, ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам. Видовме до каде не доведоа поделбите, ја доведоа оваа држава да личи на гладијаторска арена”– изјави вчера Силјановска Давкова.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Ања Лукарова