Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Македонија чекори кон енергетска независност: Изградбата на когенеративни цетрални ќе донесе стабилно производство на струја

Македонија – енергетски независна земја. Планот на Владата за изградба на когенеративни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија – енергетски независна земја. Планот на Владата за изградба на когенеративни цетрални треба да донесе стабилно прозиводство на струја, евтино греење за домаќинствата и почист воздух за сите.

Овие централи кои во исто време произведуваат електрична и топлинска енергија имаат бројни придобивки.

Со нивната изградба и со ширењето на топловодната мрежа во Скопје, но и изградбата на нова во другите градови домаќинствата треба да добијат достапна и евтина топлина и да се откажат од греењето на дрва или нафта со што директно ќе се влијае на квалитетот на воздухот.

Реклама

Се преговара и за изградба на секундардната гасна и топловодна мрежа, а според најавите приклучоците би биле бесплатни.  За изградбата според премиерот би биле потребни 3-5 години.

Топлината, оние делови од Скопје, коишто во моментот не се приклучени на централното греење, ќе можат да ја користат за затоплување на своите домови. Зошто? Затоа што, сите анализи велат дека, најголемата причина за загадувањето е за жал системот на затоплување на домовите, односно користење на дрва и други типови на фосилни горива или отпад. Не сакам ова да се сфати дека критикувам. Напротив, луѓето немаат избор. Кога луѓето би имале избор, тогаш би било полесно. Но, бидејќи тие немаат избор, никоја претходна влада не овозможила избор, се снаоѓаат некако. И таквото снаоѓање резултира со голема емисија на ПМ2,5 и ПМ10 честички, со што имаме енормно високо ниво на загадување не само во Скопје, туку и во градовите ширум државата, вели премиерот Мицкоски.

Според она што е познато досега се водат преговори со турската Казанџи Холдинг која би вложила во  изградба на централите со 500 мw капацитет кои годишно произведуваат 4,1 терават часови електрична енергија, односно 720 GWh топлинска енергија.  Компанијата е со искуство од над 25 години и располага со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во 8 земји.

Во однос на условите, Мицкоски е дециден, нема да има гарантиран откуп , нема да има стратешки инвеститори, а струјата ќе се продава на слободниот пазар без субвенции од државата, а цената ќе ја одредува пазарот.

Нема никакви субвенции надвор од законските. Нема гарантирани цени, нема гарантирани договори за откуп, нема повластени цени, нема повластени инвеститори, нема стратешки инвеститори итн. Сè се темели на пазарните услови и тоа е главната парадигма зошто влегуваме во овие процеси. Ова е инвестиција која ќе работи на пазарни правила и на пазарни услови, додаде премиерот

Дека Македонија го подготвува патот кон енергетска независност говорат проектите кои во изминатите осум месеци ги најави Владата. Покрај преговорите за когенеративни централи, на стартот на мандатот беше најавена инвестицијата од „ Алказар Енерџи“ за изградба на ветерен парк во Богданци кој ќе обезбедува струја за 100 илјади домаќинства. Неодамна беше потпишан договор помеѓу ЕСМ и германската развојна банка со што домашните електрани добија кредит од 55 милиони евра за изградба на фотоболтаична централа Битола 2 како и за реализација на втората фаза од изградбата на ветерниот парк во Богданци.  

Владата соопшти дека се решава и едно од клучните прашања во енергетиката. Избран е изведувач кој ќе го гради гасниот интерконектор со Грција, договорот треба да се потпише во март, а проектот веќе доби поддршка од Европската банка за поддршка на развојот и Европската инвестициска банка.

https://studio.youtube.com/video/uBHB29DdL7c/edit